Што да направам ако ја изгубам мојата електронска картичка?
Доколку картичката е персонализирана, може да се извади нова со блокирање на старата. Потребно е да се јавите ЈСП централа, по што ќе добиете понатамошни инструкции. ЈСП Скопје има оддел „Изгубено-најдено“, кој може да Ви помогне во пронаоѓање на картичката доколку истата е загубена во автобус (број за контакт: 023122634).
Кои се начините за купување билет?
Билети може да купите со надополнување на електронска картичка „Скопска“ (во нашите киосци или онлајн) и со повик на бројот 185.
Како можам да добијам повластен билет како студент/пензионер?
Потребно е да поднесете документи (индекс/потврда или пензионерска книшка) во билетарница на ЈСП.
Дали возилата на ЈСП се прилагодени за лица со инвалидитет?
Да, поголемиот дел од возниот парк има автобуси со пристап за инвалидски колички, како и посебна зона за сместување на инвалидската количка.